Овој викенд почнуваат новите сезони во македонската Суперлига и во Првата лига

14.09.2018 14:41
_DSC0041_resize

В сабота и в недела почнуваат новите сезони во македонската Суперлига и во Првата лига.

РК Металург, заедно со РК Вардар, во македонското првенство ќе се вклучат во фазата на плејоф, а до тогаш преостанатите десет екипи ќе одиграат вкупно 18 кола. По лигашкиот дел од првенството, првопласираните четири екипи, заедно со РК Металург и со РК Вардар, ќе разигруваат за титулата, додека останатите шест екипи ќе се борат за опстанок во лигата.

Во првото коло на македонската Суперлига ќе се сретнат:

15.09.2018 г., 18.00 ч.:  Вардар Јуниор – Радовиш

15.09.2018 г., 19.00 ч.:  ГРК Борец – Струга

16.09.2018 г., 12.00 ч.:  Бутел – Прилеп

16.09.2018 г., 19.30 ч.:  Тинекс Пролет – Охрид

18.09.2018 г., 18.30 ч.:  Пелистер – Еурофарм Работник

—————————————————————-

Викендов почнува и првенството во македонската Прва лига, во која оваа сезона ќе се натпреварува и нашиот Металург 2, кој е дел од групата 1.

Распоред на првото коло во група 1 од Првата лига:

15.09.2018 г., 15.00 ч.:  Работнички – Партизан

16.09.2018 г., 12.00 ч.:  ЦЕМС – Преспа

16.09.2018 г., 12.00 ч.:  Металург 2 – Весна Акумулатори

16.09.2018 г., 19.00 ч.:  ГРК Тиквеш – Младост Богданци

Распоред на првото коло во група 2 од Првата лига:

16.09.2018 г., 12.00 ч.:  Младост 09 – Текстилец

16.09.2018 г., 18.00 ч.:  Вардар Неготино – Куманово

16.09.2018 г., 18.30 ч.:  Македонија Ѓ.П. – Астраион

20.09.2018 г., 19.45 ч.:  Јуниор – Ринија

Прочитано 201 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 2