ПАПИЛОН И НАТАМУ Е ВО ТРКА ЗА ПРВОТО МЕСТО

23.05.2012 23:01
logo_slika_zdravje-610x74

Во четвртото коло на “Млекара Здравје Радово“ мини лига, екипата на Папилон извојува победа над тимот на Капитал и ја продолжи борбата за првото место во генерација 2000/2001.

Првото полувреме помина во колку толку рамноправна борба во која сепак за нијанса беа подобри ракометарите на Папилон. Вториот пак дел помина во целосна доминација на екипата на Папилон. Најдобар ракометар на средбата беше Максимовиќ со 6 дадени гола.

Капитал – Папилон  7:13  (2:4)

Капитал: Алексовска, Божиновска, Тасевска, Спасова, Брунчевиќ, Костадиновска, Маринковиќ, Ѓуриќ, Алушовска, Дамчевска и Илјаз.    Тренер: Јуле Црвенкоска.

Папилон: Божиновски, Ристовски, Максимовиќ, Стојковски, Димовски, Чиплаковски, Каранфиловски, Кондев, Трајковски, Илиевски, Новокмет, Јаневски и Златановски.     Тренер: Силвана Миленковиќ.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 211 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 14