ПЕЛИСТЕР ЗАМИНА СО ТРИ БОДА ОД “АВТОКОМАНДА“

29.09.2012 20:28
DSC_0236_resize

Искусната екипа на Пелистер 08 извојува значајна победа во мечот против младите ракометари на Металург Јуниор. Победата е изразена со 9 гола разлика, што е највисок пораз на надежите на Металург од почетокот на новото првенство на Македонија. Голем хендикеп за нашиот тим е повредата на првиот голман Кимевски, кој пред неколку дена ја скрши клучната коска и ќе го пропушти поголемиот дел од тековната сезона. Во негово отсуство, товарот падна врз шеснаесетгодишните  Блажевски и Даниловски, кои ќе мораат да ја дополнат создадената празнина.

Денешната средба почна добро за нашиот тим. Создадовме почетно водство од 3:1 и бевме рамноправни во првите 15 минути. Меѓутоа, постепено предноста премина на страна на противникот, кој ги искористи своите шанси и набргу создаде комотна предност од 5 гола, 4:9. До крајот на полувремето се доближивме на три гола разлика, 9:12.

Во вториот дел, со серија од 4:0, нашите момчиња дојдоа до израмнување на резултатот, 13:13. За жал, тоа беше и последниот напор на Металург Јуниор. До крајот на средбата гостите постојано ја зголемуваа својата предност, се до крајните 24:33.

РК Металург Јуниор – РК Пелистер 08   24:33 (9:12)

РК Металург Јуниор: Блажевски, Даниловски, Пешевски 3, Нелоски 7, И.Крстевски 4, Манасков 6, Матијашиќ 1, Велковски, Маркудов, Палевски, Талески, Бој.Маџовски 3, Давитковски, Стојановски, Г.Крстевски и Борј.Маџовски.         Седмерци: 4/4.      Исклучувања: 2 минути.

РК Пелистер 08: Ивановски, Ангеловски, Костовски, Ордев 6, Стојановски 1, Јосифовски, Димитровски 4, Чурлевски 5, Митевски 4, Вешоски 8, Дрогришки, Митевски 1, Талевски 1, Тосковски, Божиновски и Мемиќ 4.       Седмерци: 0/1.       Исклучувања: 8 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 962 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4