Пет од пет за извонредниот Металург 2

18.10.2020 20:15
DAR_8805_resize

Петтото коло на Првата лига, група “Б“, кое денеска комплетно се одигра во Куманово, го одбележа нов убедлив триумф на извонредниот тим на Металург 2, кој буквално ги “разнесе“ сите свои досегашни противници во тековната сезона. Овој пат настрада екипата на РК Текстилец, која ја совладавме со разлика од 16 голови, 35:19 (16:9).

Сепак, денеска ни беа потребни 20-тина минути во првото полувреме за да го разбиеме отпорот на противничкиот тим, кој се до резултат 9:9 беше рамноправен со Металург 2. Потоа следуваше наша неверојатна серија од 7:0, за силидна предност пред вториот дел.

Во второто полувреме дојдоа до израз нашата подобра физичка подготовка и подолгата клупа, па разликата од седум голови ја доведовме до победа со позитива од 16 гола.

Најдобар наш стрелец денеска беше Димевски, кој постигна 8 гола, пред Петровски со 6.

Следното шесто коло ќе се одигра на 24 октомври во Гевгелија, во организација на РК Партизан, а Металург 2 ќе се сретне со екипата на Скопје 2020, која како и нашиот тим нанижа пет победи во досегашниот тек на првенството.

.

РК Металург 2 – РК Текстилец  35:19 (16:9)

РК Металург 2: Брестовац, Ацевски, Димевски 8, Фидановски, Вељановски, Тричковски 1, Христоски 4, Трајковски 2, Мелоски 1, Николов 5, Андревски, Ристовски 3, Георгиевски, Прцуловски 4, Петровски 6 и Додиќ 1.    Седмерци: 6/6.     Исклучувања: 8 минути.

РК Текстилец: Атанасов, Петров 1, Јовановски 2, Трајчев 2, Јованов 1, Јахјајов 3, Миланов, Ристов 4, Лазаров 1, Митрев 3 и Трајков 2.    Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 12 минути.

Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски.

Делегат: Зоран Јовановски.

Прочитано 257 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 0