Петто коло и петта победа на пионерите на Металург

30.11.2018 22:05
47112779_293754941251965_5477829142181314560_n

Победничкиот марш на пионерите на Металург продолжи и во петтото коло во кое катастрофално го поразивме тимот на Јуниор КВ, со резултат 31:7 (13:4).

Средбата, во која нашите пионери во 40-те минути постигнаа 31 гол, беше рамноправна само во првите неколку минути, се додека нашиот напад не “ги намести нишаните’, после што на терен постоеше само еден тим. Првото полувреме го завршивме со серија од 6:0, за веќе огромни 13:4.

Уште полошо гостинскиот тим помина во второто полувреме, кое го добивме со резултат 18:3.

До крајот на првата половина на пионерското првенство на Македонија, група 1, остана уште едно коло во кое и гостуваме на екипата на Ангели Волково.

.

Металург – Јуниор КВ  31:7 (13:4)

Металург: Петровиќ 1, Тотиќ 1, Димковски 5, Петковски 4, Апостолидис 1, Субашевски 4, Дамовски 2, Ангелески 4, Талески 2, Стојановски 1, Јазаџиев 3, Насевски 3, Таневски, Гилев, Брестовац и Васевски.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 4 минути.

Јуниор КВ: Трајков, Дупљак, Суљовиќ 1, Д.Василевски, Ѓошевски, Ниновски 1, М.Пасковски 1, Александров, Тодоров, О.Василевски, Продановски, Тричковски 2, Зафировски 1, Д.Пасковски 1, К.Николовски и Г.Николовски.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Георгиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 253 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1