Пионерите на Металург 2 го надиграа тимот на Рисови

01.12.2019 18:09
DAR_9810_resize

Во осмото коло на пионерската лига, група 3, во Автокоманда се сретнаа пионерите на Металург 2 и на Рисови. Средбата заврши со убедлива победа на нашите пионери, кои на овој натпревар важеа како апсолутни фаворити и кои тоа целосно го оправдаа.

Разликата во квалитетот на двете екипи доведе до јасна доминација на нашиот тим од самиот почеток на натпреварот. Веќе кон средината на првото полувреме имавме +5, кои до крајот на првите 20 минути достигнаа – +11, 15:4.

Слично противникот мина и во второто полувреме во кое постигнавме 18, а примивме само 5 гола. Конечните +24 реално ги одразуваат настаните на теренот.

Пионерите на Металург 2 сега имаат пет победи, два порази и еден нерешен резултат. Во следното коло не очекува тежок дуел со екипата на Ачушовски.

.

Металург 2 – Рисови  33:9 (15:4)

Металург 2: Субашевски 4, Петровиќ 2, Грујевски 1, Васевски 2, Стевков 6, Гилев 3, Стојановски, Ангелески 3, Таневски, Димковски 2, Јазаџиев, Талевски, Николовски 4, Насевски 3, Георгиевски 2 и Филиповски 1.     Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 4 минути.

Рисови: Стојчевски, Тодоровски, Механчиски, Најдовски, Тасески 1, Тодоровски 1, Марковски 1, Трајановски 2, Симоновски, Антески 1, Велинов, Николовски 1, Трајковски, Ј.Мирчевски, А.Мирчески 2 и Јанакиевски.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје.

Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

Прочитано 225 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 9