Пионерите на Металург 2 изненадени од РК Бутел

17.11.2019 20:39
DAR_8240_resize

Во шестото коло на пионерската лига на Македонија, група 3, во Автокоманда се одигра натпревар меѓу пионерите на Металург 2 и на Бутел. Иако очекувавме сигурна победа на нашиот пионерски тим, тоа не се случи. Гостите изненадија со добрата игра и не совладаа со резултат 20:22 (11:12).

Почетокот на средбата мина според очекувањата. Металург 2 лесно постигнуваше голови и многу брзо дојде до убедливо водство од 7:3. Тоа му даде можност на тренерот Лембанов да повлече дел од своите најдобри ракометари, кои вчера имаа тежок натпревар во кадетска конкуренција. Но, тоа не се покажа како добро решение, бидејќи пионерите на Бутел се вратија во игра и постепено ја надокнадија својата негатива. Првото полувреме го добија гостите, со минимални 11:12.

Во второто полувреме пионерите на Металург 2 се обидоа повторно да ја преземат иницијативата, но за тоа немаа сили. Екипата на Бутел успеа да се одбрани и да ја добие средбата со резултат 20:22.

Ова е втор пораз на нашите пионери, кои имаат и три победи и еден нерешен резултат и се сместени во средината од табелата. Во следното коло не очекува тешко гостување кај екипата на КЛ-7 Лазаров.

.

РК Металург 2 – РК Бутел  20:22 (11:12)

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 4, Петровиќ 4, Васевски, Грујевски, Гилев 7, Стојановски 1, Ангелески 1, Таневски, Димковски 1, Николовски, Талевски, Арсовски, Насевски 2, Георгиевски и Филиповски.     Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 0 минути.

РК Бутел: Поповски 5, Пејковски, Коевски, Стевков, Крстевски, Трајковски 1, Михајловиќ, Миланов, Бошковски 5, Јовевски 3, Симјановски, Цветковски 8 и Цоневски.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 4 минути.    Црвен картон: Јовевски во 40. минута.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје од Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 415 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − 1 =