Пионерите на Металург 2 катастрофално го поразија РК Шампион

08.03.2020 14:51
DAR_9842_resize

Во 11. коло на пионерското првенство на Македонија, група 3, во Автокоманда пионерите на Металург убедливо го поразија РК Шампион, со резултат 30:12 (13:8).

Рамноправно се играше само во првата половина од првото полувреме, кога и двете екипи се менуваа во водство. Во преостанатото време пионерите на Металург 2 одиграа многу поефикасно и на одмор заминаа со предност од 5 гола.

Во второто полувреме веќе не стоеше прашањето кој ќе го добие овој натпревар, туку со колкава разлика нашите пионери ќе го испратат гостинскиот состав. На крајот славевме со дури 18 голови предност.

Пионерите на Металург 2 се второпласирани во својата група и имаат 7 победи и по два порази и нерешени средби.

Во следното коло не очекува гостување кај последнопласираната екипа на Ринија М.

.

РК Металург – РК Шампион  30:12 (13:8)

РК Металург: Ангеловски, Субашевски, Петровиќ 2, Тотиќ 1, Васевски 1, Дамовски, Гилев 7, А.Стојановски 5, Ангелески 4, Димковски 1, Јазаџиев 3, Талевски, П.Стојановски 1, Насевски 2, Грујевски и Филиповски 3.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

РК Шампион: Сотировски, Кочовски, Трифуновски 2, Довлев, Мојсовски 3, Крстевски 2, Беќир, Смилевски 2, Петровски 3, Филиповски, Атески, Николовски и Канг..    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

Делегат: Гордана Ѓорѓеска од Скопје.

Прочитано 375 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 1