Пионерите на Металург 2 му го нанесоа првиот пораз на КЛ-7 Лазаров

23.11.2019 22:11
76898171_1038592796505302_2740049703029702656_n

Во рамките на седмото коло на пионерската лига на Македонија, група 3, пионерите на Металург 2 гостуваа кај екипата на РК КЛ-7 Лазаров. Иако фаворитската улога ја имаше домашниот тим, нашите пионери изненадија со добрата игра и ја совладаа домашната екипа со резултат 19:26 (11:14), со што му го нанесоа првиот пораз на тимот на РК КЛ-7 Лазаров.

Всушност, пионерите на Металург 2 водеа во текот на сите 40 моменти, на моменти и со максимални девет голови разлика, па победата е сосема заслужена.

Ова е четврта победа на нашите пионери во тековното првенство, кои имаат и два порази и еден нерешен резултат.

Во следното коло ракометарите на Металург 2 во Автокоманда 2 ќе им бидат домаќини на ракометарите на РК Рисови.

.

РК КЛ-7 Лазаров – РК Металург 2  19:26 (11:14)

РК КЛ-7 Лазаров: О.Василевски, Ниновски, Тричковски 3, Пасковски 1, Зафировски 2, Перуновски, Маркоски 1, Продановски 1, Билбиловски 3, Д.Василевски, Глигоров, Проданов 4, Трајков, Ѓорчевски, Бановски, Пасковски 1 и Никчевиќ.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 4, Петровиќ 2, Васевски 1, Грујевски, Гилев 1, Стојановски 1, Ангелески 3, Димковски 6, Николовски, Талевски, Јазаџиев 6, Насевски 2, Георгиевски, Филиповски и Таневски.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 10 минути.

Фото:

Прочитано 515 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0