Пионерите на Металург 2 победнички од тешкото гостување кај Аеродром

29.02.2020 20:47
DAR_2952_resize

По подолга пауза денеска продолжи натпреварувањето во пионерска конкуренција.

Во рамките на дерби натпреварот на десетото коло на групата 3, Металург 2 на гости го совлада тимот на Аеродром и го потисна од втората позиција на табелата.

Првата средба меѓу овие две екипи, одиграна во Автокоманда, заврши со израмнети 16:16, па ова беше вистинската можност да се види кој е подобар.

Аеродром подобро го отвори натпреварот и во добар дел од првото полувреме одржуваше предност. Но, така беше се до резултат 8:8, после кој пионерите на Металург 2 дефинитивно го презедоа водството кое не го испуштија до крајот на средбата. Првото полувреме заврши со резултат 9:12 во наша полза, а нашата највисока предност во второто полувреме изнесуваше пет голови.

Ова е шеста првенствена победа на пионерите на Металург 2, кои имаат и по 2 порази и нерешени средби.

Во следното коло во Автокоманда ќе се сретнеме со екипата на РК Шампион.

.

РК Аеродром – РК Металург 2  18:21 (9:12)

РК Аеродром: Јачев, Хаџиристов 3, Гацев 1, А. Петрески 3, Омерагиќ 4, Стаменковиќ 1, Кралески, Идриз 1, Ѓорѓиевски, Наков, Ф.Петревски, Б.Петрески 2, Тасески, Митев, Апостоловски 1 и Петров 2.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 4 минути.

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 1, Петровиќ 2, Тотиќ, Васевски, Дамовски, Гилев 2, А.Стојановски 3, Ангелески, Таневски, Димковски 2, Јазаџиев 5, Талевски, П.Стојаноски 5, Насевски 1 и Георгиевски.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 390 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 2