Топ Вести

Пионерите на Металург го надиграа Гостивар

14.04.2018 16:10
_DSC0333_resize

Во последното коло на пионерската лига, група 2, пионерите на Металург во Автокоманда ја пречекаа екипата на ГРК Гостивар, третопласираниот тим во лигата. Според очекувањата, нашите пионери целосно ја оправдаа фаворитската улога и го надиграа гостинскиот тим, кого го совладаа со високи 25:16 (15:7).

Металург од самиот почеток наметна високо темпо и многу рано се здоби со осетлива предност, која понатаму само ја зголемуваше, се до највисоките +10 во првото полувреме, 13:3 и 14:14. На одмор екипите заминаа при резултат 15:7.

Беа подобри нашите пионери и во второто полувреме, во кое стигнаа и до највисоката разлика од +12 гола, 25:13. Сепак, до крајот на натпреварот гостите го поправија својот резултат и средбата заврши со конечните 25:16.

Металург првенството го заврши на второто место и за жал нема да биде дел од фајналфорот во машка пионерска конкуренција. Од нашата група во завршницата се пласира непоразениот тим на Аеродром.

.

РК Металург – ГРК Гостивар  25:16 (15:7)

РК Металург: Брестовац, Апостолис, Субашевски 1, Петровиќ 1, Тотиќ 7, Малинковски 1, Анѓеловски 2, Тасески, Гилев 2, Стојановски 1, Крстевски, Дамовски 1, Петковски 6, Јазанџиев 2, Димковски 1 и Ангеловски.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 4 минути.

ГРК Гостивар: Бошкоски 2, Трифуноски 2, Рафајлоски 2, Селмани 1, Димитриески, Филипоски 1, Груевски, Кузманоски 2, Јанкоски 1, Арсоски 1, Стојкоски, Јованоски 1, Крстески 1, Матески, Лазарески 1 и Маџоски 1.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Делегат: Љупчо Јанески од Скопје.

Прочитано 91 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2