Пионерите на Металург го надиграа Вардар

03.11.2018 16:21
Capture

Во првото коло на пионерското првенство на Македонија, група 1, пионерите на Металург  го совладаа Вардар, со резултат 19:15 (9:7). Металург од самиот почеток го контролираше резултатот, а едно единствено водство на Вардар, во почетната фаза, е единственото нешто што успеа да стори нашиот противник.

Во првото полувреме воглавно водевме со еден до три гола, а овој дел заврши со резултат 9:7. Уште посигурно нашите пионери го одиграа вториот дел, во кој противникот го држевме на солидно растојание од три до пет голови. Конечните 19:15 се реални и сосема заслужени. Честитки за првата победа на нашите пионери во чии редови најмногу се истакна Александар Петковски, кој постигна дури 10 голови.

Овој натпревар беше дебитански и за тренерот на пионерскиот тим на Металург, Алексо Лембанов, кој денеска го надмудри искусниот Зоран Петковски.

.

РК Металург – РК Вардар  19:15 (9:7)

РК Металург: Ангеловски, Дамовски, Субашевски 2, Петровиќ, Тотиќ 1, Насевски 2, Стефков, Талески, Гилев 1, Стојановски 1, Брестовац, Апостолидис, Ангелески, Петковски 10, Јазаџиев и Димковски 2.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 4 минути.

РК Вардар: Н.Спасовски, Стојановски, Табаков 1, Славевски, Сипковски, Гочев, Ристевски, Симоновски, Петрушевски 4, Стојановски 1, Колевски, Стојменов 2, Петковски 1, Ѓ.Спасовски 4, Трифуноски и Анакиевски 2.    Седмерци: 1/3.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Кимовски и Михајлов од Скопје.

Делегат: Белимов од Скопје.

Прочитано 655 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 2