Пионерите на Металург испуштија победа на гостувањето кај Алушовски

07.12.2019 21:26
DAR_8227_resize

Во дерби натпреварот од 9. коло на пионерска лига, група 3, пионерите на РК Алушовски и на РК Металург 2 ги поделија бодовите. Нашиот тим има за што да жали, бидејќи првото полувреме го добивме со разлика од четири гола, а постојано водевме и во текот на вториот дел.

Во првото полувреме нашиот пионерски тим имаше целосна контрола врз случувањата на теренот и имавме константно водство. Овој период од средбата го добивме со резултат 7:11.

Домашните ракометари подобро го почнаа второто полувреме и успеаа да ја анулираат нашата предност, при резултат 15:15. Од тој момент, па се до крајот на средбата, се водеше израмнета борба, но сепак Металург 2 беше тимот што секогаш успеваше да поведе, но не и да го задржи стекнатото.

По девет одиграни кола, пионерите на Металург 2 имаат пет победи и по два порази и нерешени средби.

.

РК Алушовски – РК Металург 2  19:19 (7:11)

РК Алушовски: Стојановски, Ѓоргиев 3, Божиновски 4, Кочишки, Каркалашев, Гроздановски, Настов, Терзиевски, Тодоровски, Младеновски 5, Атанасовски, Бурчевски, Арсевски, Белистојановски 6 и Бучуковски 1.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 10 мин.

РК Металург 2: Грујевски, Филиповски, Насевски, Димовски 1, Ангелевски, Ангеловски, Субашевски 4, Јазаџиев 2, Димковски 2, Стевков 1, Гилев 4, Талевски, Стојановски 3, Васевски 2 и Георгиевски.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 6 мин.

Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 291 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 5