Пионерите на Металург ја продолжија победничката низа

24.11.2018 15:20
45288616_1820799308018095_1099099315210551296_n-610x4141-610x414

И по четвртото коло на пионерското првенство на Македонија, група 1, пионерскиот тим на Металург е единствен со 100 % успех. Во ова четврто коло, совладана е екипата на Аеродром, со резултат 22:16 (13:5).

Својата денешна задача нашите најмлади ракометари ја решија уште во првото полувреме, кое го добивме со недостижни осум голови разлика, 13:5.

Во второто полувреме немаше потреба да се форсира резултатот, па нашите пионери рутински ги одиграа овие 20 минути и ја запишаа својата четврта едноподруго победа.

Во следното коло пионерите на Металург ќе имаат полесна задача, бидејќи во Автокоманда ќе ја пречекаме последнопласираната екипа на Јуниор К.В., која во досегашниот тек на првенството нема освоено ниту еден бод.

.

Аеродром – Металург 16:22 (5:13)

Аеродром: Илиевски, Димитриевски 1, Божинов, Богоевски, А.Петрески 2, Омерагиќ 2, Стаменковиќ 8, Кралевски, Идризи 1, Н.Ѓоргиевски 1, Наков, А.Ѓоргиевски, Николовски, Петров и Б.Петрески 1. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 2 минути.

Металург: Ангеловски, Дамовски, Субашевски 2, Петровиќ 2, Тотиќ 1, Насевски, Грујевски, Гилев 4, Стојановски 2, Брестовац, Апостолидис, Ангелески 1, Петковски 7, Васевски, Јазаџиев и Димковски 3. Седмерци: 0. Исклучувања: 8 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

Прочитано 227 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 5