Пионерите на Металург ќе настапат на малото финале

30.06.2021 13:22
DAR_1590_resize

Пионерите на РК Металург предмалку го загубија полуфиналниот натпревар со домаќинот на турнирот, екипата на РК Струга. Нашиот противник не совлада со резултат 25:19 (15:8).

Нашите пионери не ги повторија игрите од групната фаза и беа инфериорни на овој натпревар, во кој покажавме слабости и во одбраната и во нападот. Екипата на Струга одигра натпревар без грешки, но ја искористи и својата далеку подолга клупа.

Металург, со почеток во 17 часот, ќе игра натпревар за третото место, на кој противник ќе ни биде тимот на ГРК Тиквеш, кој загуби од Голден Арт КЛ7 во првото полуфинале. Во големото финале, закажано во 19 часот, ќе се сретнат екипите на Голден Арт КЛ7 и на Струга.

.

РК Струга – РК Металург  25:19 (15:8)

РК Струга: Пејчиноски, Крстаноски, Петрески 5, Плушкоски, Ферукоски, Блажески, С.Мечкароски 3, Ф.Мечкароски 7, Гускароски 1, Дејкоски, Гонески 4, Вељаноски 5, Стојанов, Нелоски и Младеноски.     Седмерци: 0.     Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Гиевски, Анѓелевски, Ѓеорѓиев 4, Костенчев, Каркалашев 3, Митев 5, Аксентиев 1, Настов 1, Насевски 4 и Коцев 1.     Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов.

Делегат: Камер Металари.

Прочитано 208 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 13