Топ Вести

Пионерите на Металург не сопираат – совладан е и Јуниор Кисела Вода

10.03.2019 22:50
53614351_639713839792592_2469259372295880704_n

Пионерите на Металург ја извојуваа и својата 11-та едноподруго победа и останаа со 100 % ефект во досегашшниот тек на пионерското првенство на Македонија, група 1. Нашите најмлади ракометари на гостински терен го победија тимот на Јуниор Кисела Вода, со резултат 14:22 (5:12).

Ова беше уште еден натпревар во кој Металург имаше доминација и целосна контрола врз резултатот и врз играта, а победата беше извојувана веќе во првото полувреме, кое го добивме со убедливи 5:12.

Вториот дел мина во рамноправна игра. Металург немаше мотив да ја зголеми разликата, а домашните ракометари немаа сили да направат посериозен резултатски пресврт.

До крајот на групната фаза Металург има да одигра уште само еден натпревар. Ќе го играме во Автокоманда, а ќе ни гостува екипата на Ангели В. Волково

.

РК Јуниор Кисела Вода – РК Металург  14:22 (5:12)

РК Јуниор Кисела Вода: Трајков, Петровски 1, Василевски, Чурчиев, Ниновски, М.Пасковски, Дупљак, Богоевски, Василевски, Продановски, Трицковски 2, Зафировски 3, Д.Пасковски 1, Николовски, Проданов и Блажевски 7.   Седмерци: 0.   Исклучувања: 4 минути.

РК Металург: Таневски, Димовски, Субашевски 3, Петровиќ 1, Тотиќ, Насевски 1, Тасески, Сребреновски, Стојановски 5, Брестовац, Апостолидис 1, Ангелески, Петковски 4, Васевски 1, Јазанџиев 6 и Димковски.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Смилевска Искра и Димитриевска Јована од Скопје.

Делегат: Белимов Кристијан од Скопје.

Прочитано 242 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 2