Пионерите на Металург подобри од Нексе

08.08.2019 23:33
DAR_0455_resize

Пионерскиот тим на Металург е на гостување во Хрватска.

Денеска нашите најмлади ракометари го совладаа пионерскиот тим на Нексе. Средбата се одигра во Нашице, а заврши со минимална победа на Металург, со резултат 26:25 (9:11).

Средбата мина во рамноправна борба во која победникот го решија нијанси. Првото полувреме го доби домашниот тим, но во вториот дел Металург го засили темпото и успеа да стигне до победата. Сите наши ракометари настапија на средбата и рамноправно го поделија времето.

Најрасположен беше Петковски, кој постигна дури 12 голови.

Утре нашите пионери ќе одиграат уште еден натпревар, а наш противник ќе биде тимот на Валповка од Валпово, инаку домаќин на нашиот тим на ова гостување во Хрватска.

.

Нексе – Металург  25:26 (11:9)

Металург: Брестовац, Ангеловски, Гилев 2, Ангелески 2, Филиповски 1, Димковски 4, Насевски 1, Субашевски, Петковски 12, Тотиќ 1, Стојановски 1, Николовски, Грујевски, Дамовски и Сребриноски.

Прочитано 487 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − = 0