Пионерите на Металург преку РК Шампион обезбедија финале

07.04.2019 00:29
DSC_0125_resize

Во Струга денеска се одржа фајнал-форот во пионерското првенство на Македонија. Екипата на Металург во Струга допатува како голем фаворит за освојување на титулата, а таа улога и ја оправда на полуфиналната средба против тимот на РК Шампион.

Најмладите металурзи одиграа одличен натпревар во кој не му дадоа никаква шанса на својот градски ривал. Победивме со резултат 28:24 (16:8). Нашите ракометари водеа во текот на сите 40 минути, повремено и со максималните девет голови разлика.

Всушност нашите победнички амбиции ги изразивме од самиот старт, поведувајќи со 7:3 во почетната фаза од средбата. До крајот на првото полувреме разликата порасна на цели осум голови, што остана недостижно за нашиот противник.

Во второто полувреме во неколку наврати ја достигнавме максималната предност од девет гола, а, откако ја обезбедивме победата, нашиот тренер им даде шанса на сите наши ракометари од клупата. Задоволни од резултатот, во последните пет минути му дозволивме на противникот да ја преполови нашата предност, па натпреварот заврши со резултат 28:26.

Во финалето ќе се сретнеме со екипата на КЛ-7 Струга, која во првото полуфинале го совлада тимот на РК Алушовски.

.

РК Металург – РК Шампион  28:24 (16:8)

РК Металург: Ацевски, Димевски 2, Фидановски 2, Субашевски 1, Димковски, Тотиќ, Стојановски 1, Петровски 5, Јорданов, Јазаџиев, Петковски 7, Брестовац, Меловски 4, Николов 2, Стојковиќ 3 и Андревски 1.   Седмерци: 0.    Исклучувања: 6 минути.

РК Шампион: Аспровски, Митевски 1, Јосифовски 3, Николоски 4, Терзиевски, Серафимовски 2, Крстиќ 7, Јорданов 3, Јордановски, Сотировски, Чолаков 1, Краљевски, Фичороски 1, Кочаров 2, Соколовски и Младеновски.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Георгиев Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Трпеновски Јован од Струга.

Прочитано 124 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3