Пионерите на Металург се шампиони на Македонија

07.04.2019 01:56
56716081_2353228898054624_1569422702551236608_o_resize

Одличната сезона пионерите на РК Металург ја крунисаа со победа во финалето на пионерскиот фајнал-фор и со освојувањето на шампионската титула. Со двете средби во фајнал-форот, нашите пионери сезонава одиграа 14 натпревари и победија – во сите. Честитки за нашите најмлади херои.

Во финалето во Струга го совладавме тимот на домаќинот, КЛ-7 Струга, со минимални 21:20 (12:8), иако во најголемиот дел од средбата имавме 4 до 5 голови предност.

Металург водеше во најголемиот дел од предвидените 40 минути, а решавачката предност ја стекнавме во првото полувреме, кое го добивме со резултат 12:8.

Оваа предност ја имавме скоро до самиот крај, всушност до 37. минута, кога си дозволивме мало опуштање кое можеше скапо да не чини. Очигледно, нашите ракометари прерано се опуштија сметајќи дека победата е обезбедена. Противникот тоа го искористи и со серија од 3:0 се доближи на само гол заостаток. КЛ-7 Струга го имаше и последниот напад и шанса за израмнување, но не ја искористи, па момците на Металург можеа заслужено да му се радуваат на победничкиот пехар и на златните медали.

.

РШ КЛ-7 Струга – РК Металург  20:21 (8:12)

РШ КЛ-7 Струга: Галевски, Исмаилоски, Дуноски 3, Негриески, Кочоски, О.Стрезоски, Христоски 2, Шулески 3, Јованоски, Домазетоски, Ѓорговски 7, Мишески 3, Н.Стрезоски, Мемед, Ѓорѓиевски 2 и Бочески.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 4 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски 6, Фидановски, Субашевски, Димковски, Тотиќ, Стојановски, Петровски 3, Јорданов, Јазаџиев, Петковски 3, Меловски 1, Николов 5, Стојковиќ и Андревски 3.   Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Зиневски Васил од Гостивар.

Прочитано 209 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0