Пионерите на Металург се трети во Македонија

30.06.2021 18:28
DAR_1094_resize

Пионерите на РК Металург во малото финале убедливо го совладаа тимот на ГРК Тиквеш и го освоија третото место во пионерското првенство на Македонија. Својот противник го совладавме со резултат 30:22 (17:11).

Овој пат нашите пионери одиграа на потребното ниво и имаа целосна контрола врз натпреварот. Можеби слабата игра на нашите ракометари во полуфиналето беше последица од тричасовното возење до Струга, бидејќи на натпреварот дојдоа безмалку од автобус.

Натпреварот за третото место беше рамноправен само во почетната фаза, кога се играше гол за гол. Така беше се до резултат 6:6, а потоа Металург направи серија од 7:0, која и ја реши средбата.

Во второто полувреме во неколку наврати имавме и максимални 9 голови разлика, а конечните +8 се реални и заслужени.

Кај нас, Митев (9) и Насевски (10) дадоа повеќе од половината од нашите голови, но најпрецизен на средбата беше ракометарот на ГРК Тиквеш, Лазов, кој погоди дури 13 пати.

.

ГРК Тиквеш – РК Металург  22:30 (11:17)

ГРК Тиквеш: Бажев, Младенов 1, Ѓорѓиев, Лазов 13, Станоев 1, Д.Ангелов 2, Ј.Наумов, Андонов, Д.Јованчев 1, З.Наумов, Малинков 2, Лазоровски, М.Ангелов, М.Јованчев 2 и Ризов.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 0 минути.

РК Металург: Гиевски, Анѓелевски 1, Ѓеорѓиев 5, Костенчев 1, Каркалашев 1, Митев 9, Аксентиев, Настов 3, Насевски 10 и Коцев.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Наум Танески и Пеце Стефаноски.

Делегат: Славчо Ристески.

Прочитано 384 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =