Пионерите на Металург загубија од Осиек

10.08.2019 20:27
68656689_1431280087027596_992548675609690112_o

На крајот од напорната турнеја во Хрватска, пионерите на Металург минимално загубија од соодветниот тим на Осиек, со резултат 35:36 (17:19).

Нашите пионери одиграа уште еден квалитетен натпревар во кој беа целосно рамноправни, а заморот беше главната причина за поразот на крајот на средбата. За три дена, нашите млади ракометари одиграа три натпревари во Нашице и во Валпово.

Најдобар поединец во нашите редови на оваа средба беше Михаел Тотиќ, со осум постигнати голови.

.

Задоволен сум од тоа како помина оваа турнеја, чија примарна цел беше градење на една добра тимска хемија. Одигравме според нашите моментални можности, со оглед на тоа што пред турнејата имавме само четири тренинга, а минавме и долг пат до Хрватска. Се обидов да им дадам шанса на сите свои ракометари, иако поради скратената ротација некои минаа повеќе време на теренот. Одигравме три рамноправни натпревари во кои резултатот беше во втор план и забележавме една победа и два порази. Во клучните моменти на последните две средби ни недостигаше борбеноста, но мислам дека тоа е резултат на недоволната физичка подготовка, со оглед на тоа што сме на самиот почеток на подготовките за новата сезона. Со цел да избегнеме несакани повреди, решивме да ја откажиме денешната втора средба со Валповка и нешто порано ќе заминиме за Скопје. Во нашата сала во Автокоманда во наредниот период напорно ќе работиме, особено на физичката подготовка, но ќе работиме и на тактички план, со цел да ги исправиме техничките грешки кои ги имавме на овие три средби. Се надевам дека целосно подготвени ќе го дочекаме почетокот на новата сезона“, вели младиот тренер на нашите пионери Алексо Лембанов.

Околу 15 часот нашите пионери тргнаа кон Скопје.

.

Металург – Осиек  35:36 (17:19)

Металург: Брестовац, Ангеловски, Гилев 1, Јазаџиев 3, Филиповски, Димковски 7, Насевски 3, Петковски 6, Тотиќ 8, Стојановски 5, Николовски 1, Грујевски 1, Дамовски и Сербиноски.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

.

Фото:

Прочитано 242 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =