Пионерското дерби му припадна на Вардар

14.10.2019 15:37
DAR_5427_resize

Во Автокоманда се одигра дерби натпревар на четвртото коло на пионерската лига, група 3. Се сретнаа екипите на Металург 2 и на Вардар, а, по голема борба, победата им припадна на гостинските ракометари.

Играа две екипи со сличен квалитет, но денеска помотивирани и со повеќе желба беа играчите на Вардар. Гостинскиот состав водеше во најголемиот дел од средбата. Ракометарите на Металург посакуваа пресврт, но во таа желба често грешеа и му дозволуваа на противникот лесни голови. Тоа особено се однесува на второто полувреме во кое Вардар дојде и до максимална предност од шест гола. Металург се закани на самиот крај, дојде до негатива од три гола, но веќе немаше време за целосна корекција на резултатот.

Во следното коло Металург 2 им гостува на пионерите на Македонија Ѓ.П.

.

Capture_resize

.

РК Металург 2 – РК Вардар  14:18 (6:8)

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 2, Петровиќ 5, Дамовски, Васевски, Стевков 1, Гилев 1, Стојановски, Ангелески, Таневски, Димковски 3, Јазаџиев 2, Талевски, Насевски, Георгиевски и Филиповски.   Седмерци: 1/2.  Исклучувања: 2 мин.

РК Вардар: Спасовски, Стојановски 3, Табаков 2, Алексовски, Аритонов, Сипковски, Ристевски, Симоновски, Колевски, Петрушевски, Трајановски 4, Стојменов 5, Петковски, Спасовски, Гугуталиев и Писонеро 4.   Седмерци: 0.  Исклучувања: 14 мин.

Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 400 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 2 =