ПЛЕЈ ОФ ПОБЕДА ЗА ЗАГРЕВАЊЕ

11.04.2012 20:41
DSC_0077_resize_resize

РК Металург ја започна битката за новата титула во домашното првенство. Патот кон тронот води низ 10 натпревари во домашниот плеј оф. Денес Металург ја одигра првата средба и ја оствари првата победа, против екипата на Овче Поле. Резултатот од натпреварот е 34:17, полувреме 16:9.

Металург денес настапи во комбиниран состав во кој поголемиот терет го поднесоа ракометарите кои не беа во Гетеборг. Целосна поштеда добија Димовски, Н.Мојсовски и Станиќ, а делумна останатите репрезентативци.

Самата средба помина во апсолутна доминација на нашиот шампион и без никаква резултатска неизвесност. Додека имаа сили гостите даваа каков таков отпор и првиот дел заврши со резултат 16:9. Во вториот дел Металург ја забрза играта и предноста порасна до крајни +17.

РК Металург – РК Овче Поле  34:17 (16:9)

РК Металург: Ангелов, Митревски, Левов 5, Маџовски, Марковиќ 3, Наумовски 4, Георгиевски 1, Козлина 5, Манасков 3, Миркуловски 1, Марковски 3, З.Мојсоски 2, Стоилов, Стојчевски 2, Јоновски 2 и Алушовски 3.    Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 4 минути.

РК Овче Поле: Бетувски, Илиев 2, В.Митевски 2, Василевски 7, Стојановски 1, Панев 2, Милковски, А.Митевски, Митрушев, Павловски 2, Зафировски 1 и Соколов.             Седмерци: 4/4.       Исклучувања: 6 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Металари Исмаил од Скопје.

Делегат: Начевски Ристо од Скопје

Фотогалерија:

Прочитано 380 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 1