По голема борба, Бутел и Металург ги поделија бодовите

15.04.2021 18:01
DAR_5218_resize

Во меч од шестото коло, екипите на Бутел и на Металург ги поделија бодовите. Видовме одличен натпревар во кој решаваа нијанси, а заврши со израмнети 23:23 (11:12).

Бутел подобро влезе во оваа средба и ги искористи сите грешки на Металург за да дојде до почетните 3:0. Дури во 4. минута ракометарите на Металург го постигнаа својот прв гол, но ја надминаа кризата и набрзо израмнија на 5:5. Втората половина од првото полувреме мина во наизменични голови на двете екипи, но Металург сепак успеа да создаде предност од два гола, а испушти напад и за повисоко водство. Првото полувреме заврши со минимална предност на нашите ракометари, 11:12.

Металург и во поголемиот дел од второто полувреме имаше резултатска контрола, но неговата предност се движеше од еден до два гола, недоволни за посигурна завршница. Во последната третина од вториот дел нашите ракометари влегоа во серија на наивни грешки и тоа резултираше со нов пресврт, овој пат во полза на домашниот тим, кој пред самиот крај влезе со предност од два гола, 23:21.

Натпреварот заврши со вистинска драма. Металург постигна два гола во серија, го израмни резултатот, а потоа имаше и напад за победа. Калуѓеровиќ постигна гол, кој за жал беше поништен поради чекори, а потоа свој последен напад имаше и екипата на Бутел, која успеа за само десет секунди да организира акција во која зицер имаше Трифковиќ, но неговиот удар го одбрани денеска одличниот Дупјачанец.

По се што видовме, поделбата на бодовите е и најреалниот исход од оваа драматична средба.

.

Бутел Скопје – Металург  23:23 (11:12)

Бутел Скопје: Блажевски, Даскаловски, Младеновски 3, Стојановски 3, Георгиевски 1, Божиновски, Митев, Спасовски, Мојсоски 3, Б.Спасовски, Милошески, Печенковски, Трифковиќ 3, Јефтиќ 7, Василевски 1 и Мајиќ 2.    Седмерци: 5/8.     Исклучувања: 2 минути.

Металург: Дупјачанец (13 одбрани), Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ 5, Кофилоски, Шилегов, Хорват 8, Калуѓеровиќ 2, Серафимов 6, Лазаревски, Тодески, Митиќ, Рниќ, Додиќ 2 и Маркоски.     Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски.

Делегат: Ацо Николовски.

Прочитано 111 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 5