По голема борба, Металург загуби од екипата на Кретеј

14.01.2020 20:27
82098350_931510024338292_3074511841594966016_n_resize

Металург, кој се подготвува во Франција, денеска ја одигра и својата втора средба, овој пат против францускиот суперлигаш Кретеј.

Повторно потсетуваме дека нашиот тим во Франција е десеткуван поради отсуството на нашите главни ракометари, кои имаат репрезентативни обврски во македонската и во грузиска репрезентации, па затоа и бевме лимитирани со можностите сериозно да им се спротиставиме на силните француски тимови.

И покрај се, денеска одигравме одличен натпревар со Кретеј, кој го загубивме со резултат 25:30 (10:16).

Средбата ја загубивме во првото полувреме, но токму во тој период тренерот Кастратовиќ им даде шанса на ракометарите со обично помала минутажа, па нашиот гол го бранеа Ѓорѓески и Мијатовиќ.

Во второто полувреме го притиснавме противникот, но немавме сила, па и квалитет да направиме целосен резултатски пресврт.

Металург – Кретеј  25:30 (10:16)

.

Фото:

Прочитано 631 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 3