ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ПРИЛЕП КАЗНЕТИ СЕ AЛЕКСАНДАР ЈОВИЌ, СУДИИТЕ И ДЕЛЕГАТОТ

15.10.2014 18:59
Jovic_resize

za tekst

Дисциплинската Комисија при Ракометната Федерација на Македонија изрече казни за виновниците на инцидентот за време на натпреварот меѓу Прилеп и Металург, кој извесно време беше во прекин откако тренерот на Металург 2, Александар Јовиќ, со цел да ги заштити своите ракометари, ја повлече екипата од теренот. По кратка пауза натпреварот продолжи и заврши со триумф на домаќините, но РФМ, сепак, им изрече казни на сите вмешани во инцидентот. Најлошо минаа судиите Игор Огненов и Александар Стефановски, кои се казнети со една година, односно шест месеци забрана на вршење на функцијата.

Воедно, казнет е и делегатот Васко Дјаковски, поради лажно претставување на случувањата на натпреварот. Тој во следните шест месеци нема да може да ја врши својата функција.

Тренерот на Металург 2, Александар Јовиќ, поради одлуката за повлекување на тимот од теренот, заработи суспензија од пет натпревари, додека Металург 2 како клуб е казнет со 50.000 денари поради ваквиот развој на настаните.

Ракометарот на Прилеп, Филип Ангеловски, заработи казна од три меча неиграње поради удирање на противнички ракометар.

Прочитано 1.934 пати

(1) Коментар

  1. A be za mir vo kuca isterajte gi od ligata .Sekogas bile problematicni ,ne samo vo rakometot,tuku i vo drugite sportovi.Toa pleme ne treba da se takmici.

Напишете коментар


+ 9 = 10