ПОБЕДА КОЈА НИ ДОНЕСЕ ТАГА

18.12.2013 04:40
DSC_0036_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Ретко се случува победата наместо радост да донесе тага, но вчерашната против екипата на Вардар е токму таква. Тешката повреда на ведетата во нашиот тим, Наумче Мојсовски, целосно ја засени победата и ги растажа сите во клубот. Ги растажа и сите искрени љубители на ракометот. Наместо фотографии со насмеани лица на нашите ракометари низ етерот кружат фотографии на кои Стојанчо Стоилов, секоја му чест, го изнесува Мојсовски на раце. Филип Миркуловски изјави дека со задоволство би ја менувал победата за здравиот Мојсовски, а тоа сигурно го мислат и сите други. Или, како што ќе рече нашиот претседател, Чокрев, Мојсовски е тип на ракометар за кого ќе биде тешко да се најде замена. Неговата повреда е тежок хендикеп за Металург и за македонската репрезентација. И затоа ни паѓа тешко. Ни паѓа тешко и кога ќе се сетиме како врз него легнатиот и свиткан од болка се истури поток од навреди од разулавени и непресметливи навивачи од спротивниот табор. Заедно со навредите се истури и дожд од запалки и монети, кои паѓаа толку густо што повредија и ракометар од сопствениот тим. Стоилов и Миркуловски се обидоа да реагираат, но што им значат зборовите на двајца репрезентативци на луѓе кои понекогаш фрлаат и столчиња врз противничките ракометари – и тоа, замислиете, во име на некаква љубов кон својот клуб. И се гордеат со тоа. И велат дека како нив нема во светот. За неколку недели ќе бидат пред голема дилема. Или нема да навиваат за Македонија или ќе мораат да бидат френетични при скандирањето на имињата на 12-те репрезентативци од редовите на Металург. Всушност, имаат и трета можност – да ги навредуваат и да ги плукаат и на тие средби.

вардар-металург-19_resize

DSC_0148_resize

Под такви импресии изгледа сосема неважно што Металург вчера беше подобрата екипа, која во најголем дел од средбата го контролираше резултатот. Изгледа неважна и победата во уште една дерби-средба против вечниот ривал. Во секоја друга прилика ќе го нагласевме враќањето на Станиќ, кој во својот препознатлив стил собра 13 одбрани и уште три седмерци. Веројатно ќе наведевме дека нашето најголемо водство изнесуваше четири гола, но и дека видовме драматична завршница во која Вардар можеше и да се спаси. Тоа што токму Мојсовски беше нашиот најдобар стрелец, со шест постигнати гола, само го засилува чувството на ненадоместива загуба.

Поради намерно исфрлање на топката директен црвен картон доби Павел Атман во последните секунди од средбата.

Вардар – Металург  21:22 (8:10)

Вардар: Ангелов (3 одбрани), Милиќ (5 одбрани), С.Стоилов 2, Козлина, Недановски, Прибак 2, Тоскиќ, Раковиќ, Петриќ, Карачиќ 2, Душебаев 2, Абутовиќ 1, Лазаров, Дибиров 7, Брумен 5 и Чипурин.    Седмерци: 2/5.   Исклучувања: 2 минути.

Металург: Станиќ (13 одбрани +3 седмерци), Мијатовиќ, Ојлески 2, Димовски, Пецаковски, Вугринец 3, Георгиевски 3, Манасков 1, Миркуловски 3, Н.Маркоски, В.Маркоски, З.Мојсоски, Н.Мојсовски 6, Атман 4, Јоновски и Мандиќ.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 6 минути.    Црвен картон: Павел Атман, во 60 минута.

Судии: Гушко и Репкин од Белорусија.

Со овој натпревар заврши натпреварувачката 2013-та година. По бројните турбуленции, што во последно време го следат Металург, на сите добро ќе ни дојде паузата до следните возбудувања.

Прочитано 4.126 пати

(11) Коментари

  1. Mu posakuvam na Naumce sto pobrzo da ozdravi.Mnogu mi e zal za negovata povreda!SE SRAMAM STO SUM MAKEDONKA koga igraat Varadar i Metalurg poradi komitite bidejki se odnesuvaat kako huligani.Jas da sum igrac na Metalurg NIKOGAS NE BI IGRALA ZA REPREZENTACIJA.Mnogu sum razocarana,tazna i revoltirana.Se custvuvav MIZERNO KOGA NAUMCE PADNA,A HULIGATITE GAGAA SO PARICKI I PEEA VULGARNI PESNI. GROZNO.GOLEM POZDRAV DO NAUMCE I OSTANATITE OD METALURG!!

  2. Nenormalna rabota!da gledas covek kako se maci i plače od bolka a znaes deka e tvoj borec koj te prestavuva i se bori za tebe za da ne ti e sram a ti da mu se smees i pcueš kako partal da go smatraš toa e bolna i psihopatcka rabota.se vide kolku znaci makedonski tim i drugarstvo

  3. Se vide nacionalen i drugarski tim koj e.samo za pocituvanje bese najvekje sto stoilov na race go noseše mojso kako brat.mojso srekjno samo ti posakuvam.

  4. Mnogu mi e zal za povredata na Naumce pred se za nego kako covek i igrac a posle i za stetata koja ke ja pretrpi nasata reprezentacija i klubot Metalurg. Sakam da go pozdravam nasiot heroj Naumce i da mu kazam da znae deka nego go podrzuva i bodri makedonskiot narod, za nego navivame site, moite roditeli jas i moeto dete site generacii na makedonci koj toj so svojata igra i pozrtvuvanost gi pravi gordi koga igra za Makedonija, bilo da e toa vo ramkite na klubot ili reprezentacijata. Naumce mnogu ke im nedostigas na svoite drugari vo Danska, ti posakuvam pobrzo da se vratis na terenot vo odlicna forma. Ubedena sum deka ti prestojat uste mnogu natprevari vo klubot i za nasata Makedonija.
    Dali vredi da se komentira za huliganskata banda Komiti koja go izbrka normalniot navivac od sportskata sala Boris Trajkovski, nasata arena nikogas ne bila tolku prazna na eden vakov vazen natprevar, dali nasite institucii konecno ke prevzemat nesto po ovaa strasna situacija so koja se soocuva makedonskiot rakomet i dali zasluzuva makedonskiot narod i nasite sportski heroi da bidat maltretirani i terorizirani od edna grupa na mladi luge koi svoite frustracii gi lecat na vakvi nastani. Dali ovi mladi luge koi se vo redovite na Komitite se idninata na makedonskata drzava dali drzava koja ima vakva mladina ne treba da stravuva za svojata idnina, do kade ke odi ova ludilo. Koga se komitite na tribinite nie publikata se zastitivmi, rakomet gledame na televizija, no kako da se zastitat nasite rakometari tie ne mozat da igraat od doma.
    Jas sum gorda MAKEDONKA koga navivam za Naumce, Kire, Filip, Vanco Stojance, Borko, Goce, Dejan, Divi, Ojlevski, Zlatko, Aco i za site drugi a neizmerno nogu se sramam koga drzavata dozvoluva izludena masa na prosti huligani da gi vrega i maltretira istite ovie sportski heroi koi se nasi najgolemi AMBASADORI.
    Decki so sreka vo Danska ne osvrnuvajte se na provokaciite od strana na Komitite, dosega mnogu pati ste dokazale kolku vredite i sugurna sum deka i ponataka ke bideme gordi na vas.

  5. drzi se Nomce so tebe sme!! Veruvav deka na ova EP ke napravime najdobar rezultat, bev ubeden deka ke bide super i vcera ogromna zaguba, golema taga i zal kaj sekoj vistinski makedosnki navivac (i mal del od Komiti) uste ednas NAUMCE #18 SO TEBE SME!!

  6. mojso majstore……………site sme so tebe,ti posakuvam shto pobrgu da ozdravish,imash ushte mnogu dolga kariera i golemi medali za osvojuvanje zad sebe……………a vie KOMITI srtam da vie da vcerasnoto delo shto go izvrsivte……ova e srtam za makedonija……..i zatoa sportot tapka vo mesto nikako da se iskaci na povisok rank!!!

  7. Golema podrska od Kumanovo za Mojso!! Izdrzi golem coveku!
    Za gnidive megu Komiti sram da vi e imeto sto go valkate Komitsko.

  8. Tie “huligani” gi vrsat valkanite raboti na politickite eliti ete zatoa im e dozvoleno da frlaat so stolovi i se sto im padne pod raka i gi toleriraat

  9. На оние лоботомираните неандерталци од Миравци треба да им се даде перманентен бан за влез во Борис Трајковски. значи такво ретардирано примитивно племе до сега не сум видел у животот. Мајсовски се превиткува од болка, пореметениве кретеноиди маваат со монети, упаљачи и сл срања по него (па после да се извадат ете демек мавале по Миркуловски и Станич, демек овие провоциле … ефтини рекла-казала муабети кои поминуваат само кај дечиња со застој во развојот на мозок)! Предходно во ЛШ еден хохштаплер фрли цел стол на терен, имаат ли свест примитивците до кое дереџе паднаа со нивните константни испади?

  10. Zasto e pisano deka mirkulovski nema dadeno nitu eden gol?

    • Ви благодариме што алармиравте, по грешка ги испуштивме трите гола на Миркуловски.

Напишете коментар


− 3 = 3