Победнички крај за пионерите на Металург во групната фаза

16.03.2019 11:49
DSC0084_resize2

Пионерите на Металург денеска го одиграа својот последен натпревар во групната фаза на пионерското првенство на Македонија.

Денеска е совладана екипата на РК Ангели Волково, третопласирана во групата 1, со резултат 22:18 (10:6). Ова е 12-та победа на нашите најмлади ракометари во исто толку натпревари, а групната фаза ја завршивме со максимални 36 бодови, најмалку шест повеќе од второпласираниот Вардар. Групата ја завршивме со 263 постигнати и 187 примени голови, односно со позитивна гол-разлика од 76 гола. Просечно постигнувавме по 22 гола, а примавме по 15,5 голови на натпревар, а своите противници ги победувавме со просечно 6,5 голови разлика. Највисока победа остваривме на домашната средба против Јуниор Кисела Вода, +24, а најмали победи имавме на гостувањата кај Вардар и кај Драчево, +1.

Што се однесува на денешната средба, таа помина во целосна доминација на нашиот тим. Гостите поведоа на самиот почеток со 0:1, додека во преостанатото време водството и резултатската контрола беа во нашите раце.

Честитки за нашиот пионерски тим.

.

РК Металург – РК Ангели Волково  22:18 (10:6)

РК Металург: Ангеловски, Дамовски, Субашевски 3, Петровиќ 2, Тотиќ 2, Насевски, Тасески, Грујевски, Стојановски 2, Брестовац, Апостолидис, Ангелески 1, Петковски 9, Васевски, Јазаџиев и Димковски 3.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 6 минути.

РК Ангели Волково: Димовски, Димоски 2, Костоски 2, Нелоски 3, Лалевиќ 1, Марковиќ 3, Трпевски 1, Серафимов, Дејанов, Станојоски, Јовевски 1, Христов 5, Грујоски и Стојковиќ.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Андреева Тања и Папуџиева Марија од Скопје.

Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

Прочитано 366 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 9 =