Топ Вести

Победнички почеток на Металург на плејоф-натпреварите

24.03.2018 11:14
29405121_10155150365476644_197299763_o_resize

Металург со победа ги почна натпреварите од плејофот на првенството на Македонија, откако во првото коло го совлада тимот на Тинекс Пролет, со резултат 35:26 (17:11).

По почетното краткотрајно загревање, во кое гостите на трипати стекнаа минимална предност, Металург тргна во победничка серија од 6:0, после која многу работи станаа појасни. Пролет, секако, не се предаде и во неколку наврати се обиде да се врати во игра, но на полувреме заминавме со предност од шест гола, 17:11.

Во второто полувреме најпрво Металург зголеми на +8, 21:13, а потоа гостинскиот тим го направи својот последен обид и успеа да ја намали разликата на само 5 гола, 22:17. Сепак, Металург повторно го фати потребниот ритам и многу брзо дојде до својата највисока предност на средбата, најпрво при резултат 26:17. Со истата разлика ја завршивме и средбата.

Во наредното коло во Автокоманда ќе ја пречекаме екипата на Охрид.

.

Металург – Тинекс Пролет  35:26 (17:11)

Металург: Томовски, Даниловски, Јагањац 5, Димитриоски, Токиќ 4, Шилегов 1, Танкоски 1, Серафимов 2, Кузмановски 7, Илиќ 4, Пешевски 5, Палевски 2, Гуглета 2, Матијашиќ, Лазаревски 1 и Арсеновски 1.    Седмерци: 0/1.   Исклучувања: 6 минути.

Тинекс Пролет: Кристо, Ф.Василевски 2, Давитковски, Аларов 4, Мајнов, А.Василевски, Ролевски 2, Гроздановски, Коруновски, Трајковски 1, Андоновски 4, Кимевски, Џонов 5, Дамчевски 1, Стојановски и Манасков 7.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 450 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 2 =