Поч­ну­ва „Ме­та­лург-ли­га“ со над 1.200 ра­ко­ме­та­ри

02.03.2016 18:37
428312be62a9a036b24f36b961eaf354bc99b070a8399367fe965b52163de1ed_resize

Ви­кен­дов во са­ла­та „Авто­ко­ман­да“ во Скоп­је поч­ну­ва 11-то из­да­ние на ра­ко­мет­на­та ли­га на Ме­та­лург, во ко­ја во не­кол­ку­те ста­рос­ни ка­те­го­рии ќе се нат­пре­ва­ру­ва­ат над 1.200 мом­чи­ња и де­вој­чи­ња од це­ла Ма­ке­до­ни­ја.

Среќ­ни сме што по­сто­и­ме и што од го­ди­на на го­ди­на ра­ко­мет­на­та ака­де­ми­ја „Ме­та­лург“ има сѐ по­ве­ќе чле­но­ви и што сѐ по­ве­ќе се раз­гра­ну­ва­ат на­ши­те шко­ли низ Ма­ке­до­ни­ја. Со по­себ­но за­до­волс­тво нај­а­ву­ва­ме де­ка го­ди­на­ва во на­ша­та „Ме­та­лург-ли­га“ во си­сте­мот на нат­пре­ва­ру­ва­ње ги вклу­чив­ме си­те на­ши шко­ли низ Ма­ке­до­ни­ја“, ре­че То­ни Ри­сте­ски, ди­ре­кто­рот на ра­ко­мет­на­та ака­де­ми­ја „Ме­та­лург“.

akademija3_resize

Иде­ја­та да ги вклу­чи­ме и пре­о­ста­на­ти­те шко­ли од на­ша­та ака­де­ми­ја во ли­га­та на Ме­та­лург ја имав­ме од по­о­дам­на, но по­ра­ди во­зра­ста на де­ца­та и мно­гу­број­ни­те па­ту­ва­ња иде­ја­та од­лу­чив­ме да ја ре­а­ли­зи­ра­ме во ка­те­го­ри­ја­та 2002-2003, со жел­ба од ид­на­та го­ди­на да ги прик­лу­чи­ме и пре­о­ста­на­ти­те ге­не­ра­ции. Во ка­те­го­ри­ја­та 2002-2003 тре­не­ри­те при­ја­ви­ја 24 еки­пи, за кои по стан­дар­ди­те на РФМ на­пра­вив­ме и нат­пре­ва­ру­вач­ки кни­шки. Од еко­но­мич­ни, а и од ор­га­ни­за­ци­ски при­чи­ни, ли­га­та ја по­де­лив­ме на три ре­ги­о­ни, исто­чен во кој вле­гоа шко­ли­те од Ви­ни­ца, Ка­ме­ни­ца, Ко­ча­ни, Дел­че­во и од Кра­то­во, за­па­ден со шко­ли­те од Стру­га, При­леп, Ка­ва­дар­ци, Охрид и од Ки­че­во и скоп­ски ре­ги­он со шко­ли­те од Скоп­је и од Ку­ма­но­во“ – об­јас­ни Ри­сте­ски.

За тоа де­ка ра­ко­мет­на­та ака­де­ми­ја „Ме­та­лург“ ма­кси­мал­но про­фе­си­о­нал­но си ја има сфа­те­но ра­бо­та­та за оваа ли­га и за шко­ли­те, кои од го­ди­на на го­ди­на се сѐ по­ор­га­ни­зи­ра­ни и по­ко­ор­ди­ни­ра­ни, збо­ру­ва фа­ктот што за се­кој ре­ги­он ака­де­ми­ја­та има наз­на­че­но по еден ко­ор­ди­на­тор на ли­га­та што се гри­жи ор­га­ни­за­ци­ја­та на нат­пре­ва­ри­те и са­ма­та ли­га да по­ми­нат во нај­до­бар ред, на за­до­волс­тво на си­те вклу­че­ни. Исто та­ка, тро­шо­ци­те за ор­га­ни­за­ци­ја­та и оди­гру­ва­ње­то на нат­пре­ва­ри­те се на то­вар на ака­де­ми­ја­та, ко­ја, ме­ѓу дру­го­то, на си­те свои учес­ни­ци им по­де­ли комп­лет нат­пре­ва­ру­вач­ки ма­ич­ки и шор­це­ви.

Нат­пре­ва­ри­те ќе се игра­ат тур­нир­ски, се­ко­ја шко­ла ќе ор­га­ни­зи­ра тур­нир во сво­јот град, а по за­вр­шу­ва­ње­то на тур­ни­ри­те нај­до­бри­те еки­пи од три­те ре­ги­о­ни во ма­шка и во жен­ска кон­ку­рен­ци­ја ќе се срет­нат на за­вр­шен тур­нир во Скоп­је во по­че­то­кот на ју­ни, на кој ќе би­дат прог­ла­се­ни нај­до­бри­те. Ка­ко и се­ко­ја го­ди­на, ли­га­та ќе фи­на­ли­зи­ра со лет­ни­от камп на Ме­та­лург, кој тра­ди­ци­о­нал­но се одр­жу­ва на бре­го­ви­те на Охрид­ско Езе­ро, во хо­те­лот ‘Бе­тон’“ – ве­ли Ри­сте­ски.

alademija2_resize

Прочитано 920 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 2 =