ПОЧЕТНИ ТРЕНИНЗИ ЗА ДЕВОЈЧИЊА ВО ОУ „СТИВ НАУМОВ“

11.12.2012 12:09
rakomet[115]_resize

Преземено од “Нова Македонија“

РАКОМЕТНА АКАДЕМИЈА НА МЕТАЛУРГ

Сите девојчиња во оваа група се родени 2002-2003 година, а уписот за нови членови е сѐ уште отворен. Групата во моментов брои 30 девојчиња. Некои од нив тренираат веќе втора година, а некои беа и во летниот камп на Металург во Охрид. Се разбира, има и нови членови, а тренинзите ги одржува Јулијана Црвенкоска, со помошничката Михаела Капсарова.

На оваа возраст со девојчињата се работи исклучиво на учење и усвојување на основните елементи од ракометната игра, како и на психомоторниот развој. Се учат основните правила на играта, кои мораат да се усвојат на самиот почеток, техниката на подавање, прифаќање, шутирање, држење на топката, како и правилно држење на телото при трчање, скокање и кое било друго движење. Се совладуваат сите елементи, сѐ додека не се усвојат неопходните знаења и вештини.

Тренинзите се одвиваат на начин интересен за децата, преку игри, во кои се изучуваат ракометните елементи, а сите активности се забавни и интересни за сите.

Девојчињата од оваа генерација тренираат во малата сала, каде што според нивната возраст е приспособена димензијата на теренот, на топката, на головите, како и бројот на играчите. Тоа значи дека девојчињата играат мини-ракомет, односно 4 играчи во поле и еден голман, што е сосема различно од правилата во „големиот“ ракомет.
Децата од генерацијата 2002-2003 не се натпреваруваат во официјална натпреварувачка лига, туку за нив се организираат пријателски натпревари со другите ракометни школи на Металург, како и со тимовите на други ракометни школи што работат со деца на оваа возраст. Покрај тоа, за младите спортисти во план е организирање на ракометни мини-турнири.
Во ракометната школа на женскиот клуб Металург во ОУ „Стив Наумов“, во скопската населба Автокоманда, тренинзите се одржуваат двапати неделно, во вторник и четврток од 19 до 20 часот

Автор: М.Т.

Прочитано 329 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0