Почина човекот кој го препороди македонскиот ракомет

12.01.2021 00:09
bogdan-macovei-(1)

Денеска, на 67-годишна возраст, почина романскиот стратег Богдан Маковеј, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија и тренер на екипата на Кометал.

Тоа е човекот кој ја однесе Македонија на СП во Германија, во 1997 година. Нашата репрезентација во Германија отпатува како дебитант и аутсајдер, но на крајот го освои седмото место, совладувајќи ги селекциите на Словенија, Кина, Данска, Романија и Полска.

Овој успех на нашата женска репрезентација го препороди македонскиот ракомет, кој полека се проби на позиција која ја има и денеска – спорт број 1 во Македонија.

Подоцна Маковеј стана и тренер на екипата на Пелистер, со кого стигна до финалето на Челенџ Купот во 2002 година, во кое загуби од екипата на Скјерн.

Прочитано 1.162 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 6