Почна 8-та СЕХА-сезона. Железничар ќе го памети својот дебитански настап

29.08.2018 10:08
zelezanicar_vojvodina_4_original_resize

Со вчерашните две средби почна 8-та сезона во СЕХА-лигата.

Вујовиќ и екипата на Железничар од Ниш секогаш ќе го паметат својот заеднички дебитански настап во ова регионално натпреварување. Иако тимот на Веселин Вујовиќ летово значително се засили со неколкумина квалитетни ракометари и се сметаше за едно од можните изненадувања во лигата, Железничар доживеа убедлив пораз на домашен терен и тоа од екипата на Војводина, со што овој настан доби дополнителна тежина.

Железничар Ниш – Војводина  20:27 (10:13)

За разлика од Железничар, вториот дебитант во лигата, екипата на Стеауа од Букурешт, однесе минимална победа на средбата со тимот на Татран Прешов. Во најголемиот дел на оваа средба доминираа гостинските ракометари, а Стеауа првпат поведе дури во 58. минута, но бодовите сепак му припаднаа на домашниот состав, кој ги освои своите први три бода во СЕХА-лигата.

Стеауа – Татран Прешов  26:25 (12:16)

Денеска на програмата се две нови средби. Металург му гостува на Вардар (20.45 ч.), додека екипата на Брест Мешков ќе настапи во Љубушки, против домашниот Извиѓач. Првото коло завршува утре, со средбата Нексе – Загреб.

Прочитано 605 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 0