Почна третото коло на СЕХА-лигата

08.09.2018 22:50
39253374_1385773031525433_3881818289965367296_n_resize

Со денешниот натпревар во Загреб, почна третото коло на СЕХА-лигата. Во првиот натпревар од ова коло, ППД Загреб ја совлада екипата на Извиѓач, со резултат 36:25 (20:5), благодарејќи му на неверојатното прво полувреме во кое хрватскиот шампион постигна 20, а прими само 5 голови.

Во рамките на ова коло, Металург утре го игра својот прв домашен натпревар. Во Скопје гостува екипата на Нексе, а на овој натпревар се надеваме дека ќе дојдеме и до својата прва победа. Овој натпревар ќе се одигра во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“, со почеток во 20.15 часот.

.

Распоред на колото:

08.09.2018 г.:  ППД Загреб – Извиѓач  36:25 (20:5)

09.09.2018 г.:  Металург – Нексе

09.09.2018 г.:  Татран Прешов – Вардар

11.09.2018 г.:  Железничар Ниш – Мешков Брест

13.09.2018 г.:  Стеауа Букурешт – Војводина

Прочитано 244 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 8