ПОЧНА ВТОРИОТ МЛАДИНСКИ МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР “СКОПЈЕ 2012“

07.09.2012 20:03

Денеска, почна меѓународниот младински турнир “Скопје 2012“. Ова е второ издание на турнирот чиј организатор е РК Работнички. Оваа година учествуваат две екипи од македонската Суперлига (Металург Јуниор и Преспа), прволигашот Работнички и гостинот од Србија, РК Заечар. Турнирот се одржува во салата на Факултетот за физичка култура, а ќе трае до недела.

Турнирот е отворен со натпреварот помеѓу РК Металург Јуниор и РК Преспа. Победата им припадна на ракометарите на Металург Јуниор, кои го совладаа противникот со резултат 28:17 (13:9).

Почетокот на средбата помина во израмнета борба, во која ресенчаните имаа свои моменти и водство од 6:4 и 7:5. Меѓутоа, Металург набргу ја презеде иницијативата и премина во водство, кое го задржа до самиот крај на натпреварот. Извојувавме висока и убедлива победа која не посочи како главен фаворит на турнирот.

РК Металург Јуниор – РК Преспа  28:17 (13:9)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Алушовски, Пешевски, Талевски 5, Маркудов 1, Манасков 2, Бој.Маџовски 2, Борј. Маџовски 2, Нелоски 7, И.Крстевски 4, Г.Крстевски 2, Давитковски 1, Гинов 1, Матијашиќ 1, Стојановски и Бошковски.

—————————————————————————————————————————

Во втората денешна средба екипите на Работнички и Заечар одиграа нерешено 21:21.

Фото:

Прочитано 278 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =