ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА НА РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈА НА МЕТАЛУРГ

18.11.2012 13:52
DSC_0053_resize

Червар: Овде се раѓаат новите таленти.

Денеска “Автокоманда“ блесна во целиот свој сјај. Денеска официјално почна новата сезона на Ракометната академија на Металург. Повеќе од 500 деца од Скопје, Ресен, Струга, Куманово и Кичево, во придружба на своите родители и своите тренери ги исполнија трибината и теренот на нашата сала. Глетка каква што посакува секој клуб во светот. Нашата младост, нашата радост, нашата иднина.

Пригоден говор одржа шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, а со децата се дружеа нашите асови: Наумче Мојсовски, Ванчо Дммовски, Филип Миркуловски, Дејан Манасков од РК Металург и Мирјета Бајрамоска, Тања Андрејева и Драгана Пецевска од ЖРК Металург. Децата се сликаа со своите спортски херои, земаа автограми, се веселеја.

На собирот беше и претставникот на реномираната хрватска фирма за производство на чипс и смоки, “Канаан“, наш годинашен партнер на Ракометната академија на Металург.

Галерија:

Прочитано 512 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 12