Почнуваат подготовките на кадетската репрезентација

30.07.2018 11:51
logo

Само што заврши младинскиот ЕХФ-шампионат, а веќе утре со своите подготовки почнува кадетската репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Данило Брестовац и од комплетниот стручен штаб кој го раководел и младинскиот националет тим.

Брестовац веќе утре, во 11.30 часот, ќе го собира кадетскиот национален тим, пред канцеларијата на РФМ, и веднаш потоа заминуваат на подготовки во Маврово.

За подготовките се повикани 22 ракометари: Виктор Василевски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Каковски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Кристијан Симоноски, Андреј Митиќ, Симон Гучевски, Кристијан Анѓелкоски, Бојан Солев, Марко Кизиќ, Давид Даев, Теодор Тодески, Мартин Ивановски, Александар Стојков и Димитар Ристовски.

Подготовките се за ЕХФ-шампионатот што во периодот од 10 до 19 август ќе се игра во Грузија. Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) на ЕХФ-шампионатот во Грузија се наоѓа во групата “А“, заедно со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и на Луксембург. Првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето на турнирот, а само освојувачот на турнирот ќе обезбеди место на наредното кадетско ЕП.

 

Прочитано 104 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 6