Подмладената Македонија лесно се справи со Чиле

05.01.2021 20:39
mak-chile1-3-of-5

Македонската сениорска репрезентација ја совлада селекцијата на Чиле на првата од двете меѓусебни средби. Нашите репрезентативци славеа со резултат 25:21 (15:11).

Иако настапи со драстично изменет и подмладен состав, и без Кире Лазаров кој ја даваше својата поддршка од клупа, Македонија релативно лесно се справи со Чиле.

Само во првите десетина минути од средбата се играше релативно рамноправно, иако и тоагаш Македонија имаше постојана предност. Затоа, пак, веќе во 16. минута имавме солидни +4, 8:4. Со оваа разлика заврши и првото полувреме.

Во вториот дел нашата селекција рутинирано ја сочува позитивата и ја оствари првата победа во оваа ЕХФ недела. Кире Лазаров беше во тимот, но немаше потреба да влезе во игра.

Оваа ЕХФ недела селекторот Брестовац ја користи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и против Финска и Швајцарија во април, за пласман на ЕП 2022 во Словачка и во Унгарија.

Втората меѓусебна средба со Чиле ќе се игра на 10 јануари.

.

Македонија – Чиле 25:21 (15:11)

Македонија: Митревски (10 одб.), Томовски (5 одб., 1 сед.), Велковски 1, Лазаров, Кузманоски 2, Талески, Кузмановски, Костески 2, Танкоски 2, Лазаревски 1, Крстевски, Поповски, Георгиевски 2, Младеновиќ, Пешевски 5, Аларов, Маџовски 3, Серафимов 5 и Мишевски 2.     Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 6 мин.

Чиле: Бариентос (4 одб.), Гарсија (4 одб., 1 сед.), Гонзалез (7 одб.), Себаљос 2, Фојхтман 3, Делгадо, Фрелиј 3, Е. Салинас 5, Илеска, Р. Салинас 3, Павез, Калеја 1, Онето, Ајала 2 и Доносо 1.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 4 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 1.142 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =