Топ Вести

Подмладената Македонија немаше сили за две добри полувремиња

07.04.2018 22:58
macedonia-russia

Македонската сениорска репрезентација, која денеска настапи со подмладен состав, поразена е на пријателскиот натпревар од селекцијата на Русија, со резултат 27:32 (19:15).

На овој натпревар, кој беше од затворен карактер, Македонија настапија без повеќемина стандардни репрезентативци, меѓу кои и Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски и Никола Митревски, а посериозна шанса добија неколкумина помлади играчи, меѓу кои и најмладиот Мартин Серафимов, член на кадетската репрезентација на Македонија.

Избраниците на Раул Гонзалез играа одлично во првото полувреме, кое го завршија со предност од четири гола, 19:15, но, во вториот дел Русија знаеше да ги искористи проблемите со реализацијата кај нашиот состав и направи целосен резултатски пресврт.

Со овој натпревар се затвораат подготовките на сениорите во рамки на ЕХФ неделата. Следниот собир на репрезентацијата е на почетокот на јуни, во пресрет на бараж натпреварите за СП 2019 против селекцијата на Романија.

.

Македонија – Русија  27:32 (19:15)

Македонија: Томовски, Даскалоски, Ристовски, Манасков 5, Велковски 1, Талевски 10, В. Маркоски, Н. Маркоски 2, Кузмановски 2, Крстевски 1, Ојлески, Поповски 1, Пешевски 5, Серафимов и Димитриевски.   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 4 мин.

Русија: Грамс, Киселев 5, Шишкарев 2, Ковалев, Атман 5, Горбок, Санталов 4, Калараш 2, Осташенко 1, Гробишин 2, Шелменко 1, Дибиров 5, Комокоров 1, Михалин 1, Киреев, Житников 3.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 4 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

 

Прочитано 297 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4