- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Подмладената Македонија уште еднаш подобра од Чиле

Во арената “Јане Сандански“ заврши и вториот меѓусебен натпревар меѓу селекциите на Македонија и на Чиле. Оваа средба заврши на истиот начин како и нивниот прв меѓусебен дуел – со победа на Македонија и повторно со четири голови разлика. Овој пат нашите ракометари славеа со резултат 28:24 (16:12).
Првата четвртина од средбата мина во испитување на силите и без јасна предност за некоја од селекциите. Но, во втората половина од првото полувреме најпосле дојде до израз поголемиот квалитет на нашата подмладена репрезентација, која во 25. минута обезбеди водство од 6 гола, 15:9. Првата половина од средбата заврши со резултат 16:12 во полза на Македонија.
Во вториот дел најпрво видовме обид на Чиле да го преокрени резултатот. Чилеанците во тој обид стигнаа до разлика од само еден гол, 19:18. Но, тоа беше се. Македонија повторно заигра поангажирано во нападот и посигурно во одбраната, па ја врати разликата од четири гола, кои до крајот на средбата не беа загрозени.
Металург на оваа средба беше претставен со Милан Лазаревски и со Мартин Серафимов, кој натпреварот го заврши со два гола.
.
Македонија – Чиле 28:24 (16:12)
Македонија: Митревски (8 одб.), Даниловски (1 одб.), Томовски (2 одб.), Велковски 2, Кузманоски 2, Талески 3, Маркоски 2, Кузмановски 4, Костески 2, Лазаревски, Крстевски 2, Поповски 3, Георгиевски, Младеновиќ, Пешевски 3, Маџовски 1 и Серафимов 2. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 мин.
Чиле: Бариентос (4 одб.), Гарсија (2 одб.), Гонзалез, Себаљос 1, Е. Фојхтман 7, Делгадо, Рејес, Фрелиј 1, Салинас 4, Илеска, Салинас, Бауман, Павез 1, Х. Фојхтман, Каљејас, Ајала 2 и Доного. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 2 мин.
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.
Делегат: Камер Металари од Скопје