ПОДВЛЕКОВМЕ ЦРТА, ОДИМЕ ПОНАТАМУ

27.02.2012 02:08
01_resize

Колку и да е болен поразот од Хамбург, колку и да се нервираме поради претходно пропуштените можности, колку и да чуствуваме горчина поради освоеното “само“ трето место, мораме да подвлечиме црта и да одиме понатаму. Спортот е таков, поразите и победите стојат едно до друго. Ние сме млада екипа во Лига на шампиони, да бевме поискусни ќе знаевме да се справиме со послабите од нас. Стекнуваме искуство кое нема цена. Следниот пат ќе знаеме како.

Голготата на натпреварувањето во групната фаза во Лига на шампиони ја издржавме машки, покажавме карактер. Освен во една, на сите натпревари бевме најмалку рамноправни, најчесто подобри. Киксиравме со најслабите, се истакнавме со најдобрите. Металург стекна респектабилно име во ракометниот свет. Металург никој не смее да го потцени.

Од позиција на третопласирана екипа ќе добиеме тежок противник, многу тежок. Изборот е следен: Загреб, Веспрем или Копенхаген. Секако, Копенхаген е наша последна желба. Бидејќи Загреб истакна дека не посакува за противник…еве и ние го посакуваме.

Жрепката ќе се влече во вторник, во Копенхаген, со почеток во 11.00 часот. Првите натпревари ќе се играат на 15/18 март, реванш средбите на 22/25 март.

Фото:

Прочитано 1.132 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 2