Поикусниот тим на Бутел славеше против Металург 2

18.10.2019 21:17
DAR_2053_resize

Во првиот натпревар од седмото коло на македонската ракометна Суперлига, екипата на Бутел на свој терен го совлада тимот на Металург 2, со резултат 29:23 (14:10).

Овој натпревар го реши лошиот почеток на младиот тим на Металург 2. Имено, нашиот тим поведе со голот на Стојановиќ, а потоа 12 минути не постигна гол. Искусниот противник ја искористи голгетерската криза на Металург 2 и со серија од 8:0 поведе со резултат 8:1. Оваа предност и го реши натпреварот. Остатокот од средбата мина во израмнета игра во која Металург се обидуваше да ја намали предноста на противникот. На моменти тоа и ни успеваше. До крајот на првиот дел ја преполовивме предноста на Бутел, па на одмор заминавме при резултат 14:10.

Металург 2 продолжи со офанзивата и на почетокот на второто полувреме, па во 36. минута дојдовме до негатива од само два гола, 16:14. За жал, во 37. минута нашиот голман Василевски доби црвен картот, поради фаулот над Мајиќ надвор од голманскиот простор. Тоа целосно го поремети ритамот на нашиот тим и за само неколку минути противникот направи серија од 7:1, за највисоки +8, 23:15. Со многу напор нашите ракометари уште еднаш се доближија на три гола разлика, но тоа беше се. Конечниот резултат е 29:23 за Бутел.

.

РК Бутел Скопје – РК Металург 2  29:23 (14:10)

РК Бутел Скопје: Даскалоски 1, Блажески 1, Димов 3, Трајковски, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски 4, Божиновски, Шокоски, Спасовски 2, Мојсоски, Милошевски 1, Миланов 2, Печенковски 3, Василевски 1 и Мајиќ 7.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 10 мин.

РК Металург 2: Василевски, Божиновски 1, Михајлов, Фидановски, Мелоски 1, Кофилоски 1, Савковиќ, Николовски, Митиќ 1, Стоилевски 2, Ристовски 1, Георгиевски 1, Љубевски, Стојановиќ 13, Гајиќ 2 и Додиќ.    Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 10 мин.    Црвен картон: Василевски во 37. минута.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 209 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 11