Полесно од очекуваното, Загреб ги освои трите бода во Скопје

02.02.2019 23:58
DSC_0139_resize

Првиот натпревар по долгата  пауза излезе навистина тежок за Металург, како што и претпоставуваше нашиот тренер Брестовац пред средбата. Металург неочекувано лесно и убедливо е совладан од екипата на Загреб на чие што чело свое деби имаше тренерот Тамше. Сепак, се чини дека денеска повеќе видовме лошо издание на Металург отколку блескава партија на гостинскиот тим. Тоа јасно го кажа Брестовац на прес-конференцијата по средбата, на која тој изрази крајна разочараност од играта и од залагањето на своите ракометари.

Металург добро го започна натпреварот и беше конкурентен во првите 20 минути од играта. Се после тоа мина во знакот на противникот, кој го искористи големиот пад во нашата игра и деветминутниот пост без постигнат гол и со серија од 6:0 го преокрена резултатот. Во 16. минута водевме со резултат 8:6, а веќе во 25. минута беше 8:12 за екипата на Загреб. Ова стана решавачко за исходот на денешната средба, бидејќи Металург не најде сили да се врати во игр и д го загрози водството на гостите. Првото полувреме заврши со резултат 10:15 во полза на Загреб.

Ништо не се промени ниту во вториот дел, во кој Металург продолжи со серијата грешки. Беа лесно загубени неколку топки, а видовме и цела низа на избрзани и непрецизни удари кон голот на хрватскиот шампион. Сето тоа резултираше со двоцифрено водство на Загреб веќе во 45. минута кога беше 15:25. Конечниот резултат е 24:36. Загреб си замина со комплетниот плен, а тренерот Брестовац ќе мора да направи детална анализа за да ги најде причините за високиот пораз.

До следниот наш натпревар во СЕХА-лигата има безмалку три недели, што е предолга пауза за одржување на натпреварувачкиот ритам на екипата, па Брестовац веќе најави неколку пријателски средби во овој период.

.

РК Металург – ППД Загреб    24:36 (10:15)

РК Металург: Томовски (7 одб., 1 сед.), Даниловски (1 одб., 1 сед.), Јагуриновски 0/3, Лазаревски, Димитриоски 1/1, Токиќ 4/6, Шилегов 0/1, Танкоски 1/2, Серафимов 0/4, Младеновиќ, Шпенде 4/9, Рибеиро 4/7, Пучник 1/4, Маџовски 4/5, Стојановиќ, Арсеновски 5/5.   Седмерци: 1/4.  Исклучувања: 4 мин.

ППД Загреб: Кастелиц (6 одб., 1 сед.), Ристановиќ (1 одб., 1 сед.), Ереш 2/3, Вистороп 1/2, Мраковчиќ 5/5, Контрец 2/3, Буриќ 7/9, Сршен 4/4, Хорват 2/4, Поточник 6/7, Јотиќ 1/2, Равниќ 3/6, Мандиќ 2/2, Хрстиќ 0/4, Бичаниќ, Векиќ 1/1.    Седмерци: 1/4.   Исклучувања: 2 мин.

Судии: Андреј Гуско и Сергеј Репкин од Белорусија.

Прочитано 239 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 14