ПОЛЕТНИОТ ЈУНИОР ГО ПРЕГАЗИ КУМАНОВО

29.04.2013 14:03
DSC_0360_resize2

za tekst

Вистинска лекција по ракомет му одржаа младите ракометари на Металург Јуниор на фаворизираниот тим на Куманово. Со своето најдобро издание оваа година, нашите млади ракометари беа подобриот противник во текот на целата средба.

До половина на првото полувреме се водеше борба за секој гол. Куманово поведе со 0:1, а потоа и со 4:5, но тоа беа и единствените моменти на нивна краткотрајна доминација. Во 10. минута Јуниор го презеде водството и го задржа до крајот на средбата. Во 15. минута водевме со четири гола разлика, 10:6, а во 18. минута и со цели 5, 12:7. Данокот на неискуството го плативме во последните пет минути од првото полувреме, кога, со серија од 3:0, Куманово дојде на само чекор од нашиот резултат, 14:13.

DSC_0248_resize2_resize

Во 35. минута Куманово ги вложи сите сили во својот последен обид за пресврт на натпреварот и успеа да го израмни резултатот, 15:15. Металург Јуниор го одби нападот и до 38. минута постигна три неодговорени гола, за 18:15, а потоа и за 20:16. Крајот на средбата помина во целосна доминација на Јуниор, кој во 55. минута водеше со огромни +9, 32:23.

DSC_0242_resize2_resize

Најдобар поединец на натпреварот беше нашето десно крило, Костески, кој нанижа дури 11 гола.

Металург Јуниор се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија и ќе учествува на завршниот турнир.

Натпреварот го следеше новиот македонски селектор, Ивица Обрван, кој беше презадоволен од виденото.

DSC_0270_resize2_resize

РК Металург Јуниор – РК Куманово  33:25 (14:13)

РК Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Даниловски, Бошковски, Пешевски 6, Крстевски 1, Манасков 7, Велковски, Маркудов, Палевски 1, Талески 1, Бој.Маџовски 4, Давитковски, Стојановски, Борј.Маџовски 2 и Костески 11.     Седмерци: 3/7.        Исклучувања: 4 минути.

РК Куманово: Арсовски, Спасиќ, Денковски, Блашевски 5, Несторовски 1, Тасевски 5, Екиновиќ 7, Кузмановски 2, Д.Ивановски, Х.Димковски, Х.Ивановски, Трајковски 1, Љ.Димковски, Димитровски 2 и Георгиевски 2.     Седмерци: 3/3.       Исклучувања: 6 минути.

Судии: Куртовиќ Цане и Георгиевски Митко од Скопје

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

DSC_0299_resize2_resize

Тони Ристевски, директор на младите категории на Металург: “Им честитам на моите ракометари за пласманот во полуфиналната фаза во Купот на Македонија. Им честитам за залагањето и прикажаната борбеност. Се работи за талентирана генерација, плод на повеќегодишната политика на Металург за работа со млади перспективни ракометари. Се надевам дека ќе продолжат да работат со истото темпо и дека многумина од нив наскоро ќе го носат и дресот на првиот тим“.

DSC_0244_resize3_resize

Прочитано 1.186 пати

(2) Коментари

  1. Metalurg ima mnogu dobri mladi igraci no dobro zapamte te go Nikola Kosteski-batakot najdobriot strelec na turnirot vo Struga godinava.

  2. Bravo za Nikolce toj e uste sega super igrac za nego doadjat prekrasni vreminja vo rakometot ….inaku i za site ostanati edno golemo B R A V O toa e idninata i ponos na Metalurg ….samo cvrsto momci i napred….forza METALURG

Напишете коментар


8 − 6 =