ПОРАДИ ОБИЛНИТЕ СНЕЖНИ НАНОСИ ОТКАЖАН Е ТВ-ПРЕНОСОТ ОД НАТПРЕВАРОТ НЕКСЕ-МЕТАЛУРГ

08.12.2012 12:43
nexe8_12_1a

Од Нашице стигна непријатна вест – откажан е ТВ-преносот од натпреварот Нексе – Металург. Поради обилните снежни наноси (во Нашице има повеќе од 50 см снежна покривка), патиштата се блокирани и ХТВ не е во состојба да ја постави потребната опрема.

Фотографијата е земена од сајтот на Нексе и ја прикажува моменталната состојба во градот.

Самиот натпревар не е откажан и ќе се игра во утврденото време, 18 часот.

Промените на резултатот можете да ги следите на официјалниот сајт на СЕХА-лига: http://seha-liga.com/

Прочитано 1.369 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 8