Топ Вести

Поради потребите на репрезентацијата, последното првенствено коло ќе се игра порано од предвиденото

24.05.2018 22:35
02

Иако беше предвидено последното коло во првенството на Македонија да се игра на 2 и на 3 јуни, по барање на селекторот Раул Гонзалез тоа ќе се игра неколку дена порано, односно на 29 и на 30 мај.

Последното коло не решава ништо на врвот на табелата, бидејќи Вардар е веќе шампион, а Металург вицешампион, додека Еурофарм Работник е третопласиран. Единствено уште е отворен пласманот на четвртото место за кое се борат Тинекс Пролет и Пелистер.

Македонската репрезентација ќе го има првиот собир на 2 или 3 јуни и ќе има повеќе подготвителни денови за баражот за СП против Романија.

Македонија и Романија ќе го одиграат првиот меч на 10 јуни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20.30 часот, додека реваншот е три дена подоцна на гостински терен, во Клуж, со почеток во 17.30 часот.

Прочитано 157 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =