Пораз на кадетите на Металург 2

17.11.2019 20:02
DAR_3692_resize

Во меч од петтото коло на кадетското првенство на Македонија, група 1, кадетите на Металург 2 загубија од тимот на Алушовски, со резултат 38:27 (23:15). Иако средбата се одигра во Автокоманда, улогата на гостинска екипа ја имаше Металург 2.

Кадетскиот тим на Металург 2, кој всушност е нашиот пионерски тим што се натпреварува во пионерска и во кадетска конкуренција, не успеа да најде начин да му се спротистави на повозрасниот и поискусен противник. Екипата на Алушовски водеше во текот на сите 60 минути и заслужено дојде до трите бода.

Всушност, нашиот противник победата ја извојува уште во првото полувреме, што го доби со 8 голови разлика, па во вториот дел рутински ги освои сите бодови.

Ова е втор пораз на кадетите на Металург 2, кои имаат забележано и две победи, па засега се на средина од првенствената табела.

Во следното коло кадетите на Металург 2 ќе и бидат домаќин на кадетската екипа на Бутел.

.

РК Алушовски – РК Металург 2  38:27 (23:15)

РК Алушовски: Павловски, Абдулкарим 1, Пановски, Пав.Атанасиевиќ 4, Пет.Атанасиевиќ 1, Донев 5, Ивановски, Крстевски 7, Петровски 3, Рачевски 4, Андонов 3, Талевски, Белистојановски 6, Табаковски 3 и Деспотовски 1.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 18 минути.

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 6, Петровиќ 1, Васевски 2, Грујевски 1, Гилев 1, Стојановски 3, Ангелески 3, Таневски, Димковски 10, Николовски, Талевски, Арсовски, Насевски, Георгиевски и Филиповски.     Седмерци: 1/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Давитковски Илија и Стојановски Бобан од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 287 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 5