Пораз на Металург 2

12.10.2019 21:25
DAR_5361_resize

Во рамките на шестото коло на македонската Суперлига, во Автокоманда Металург 2 убедливо загуби од тимот на Вардар Јуниор, со резултат 30:38 (11:17).

Вардар Јуниор на овој натпревар дојде засилен со играчите на Вардар, Карапалевски, Кукуловски, и Кизиќ, и токму тие и го решија натпреварот. Првите двајца постигнаа вкупно 21 гол, додека Кизиќ забележа 14 одбрани.

Средбата од самиот почеток доби непосакуван тек. Вардар Јуниор релативно лесно го наоѓаше патот до нашиот гол, додека нашиот напад најчесто го сопираше расположениот Кизиќ. Во два наврати Вардар Јуниор водеше со максимални девет голови предност, но на крајот Металург 2 успеа да намали и на одмор екипите заминаа при резултат 11:17.

Во вториот дел Металург 2 вложи многу сили за да дојде до пресврт, но најблиску до противничкиот резултат стигнавме при 26:30.  Конечниот резултат од овој натпревар е 30:38 (11:17).

Во следното коло Металург 2 и гостува на екипата на Бутел Скопје.

.

РК Металург 2 – РК Вардар Јуниор  30:38 (11:17)

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Фидановски, Мелоски 6, Кофиловски 5, Савковиќ, Николовски 6, Митиќ 1, Попов, Стоилевски 3, Љубевски, Стојановиќ 6, Гајиќ 2, Додиќ и Ефтимов 1.   Седмерци: 3/5.  Исклучувања: 6 мин.

РК Вардар Јуниор: Гогов, Јанковски 3, Чакалиќ 1, Кукуловски 10, Гашовски 1, Јакимовски 3, Карапалевски 11, Андоноски 1, Ќосевски 5, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, Крстевски, Атанасовски 3, Кизиќ и Дука.   Седмерци: 3/3.  Исклучувања: 16 мин.

Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

 

Прочитано 312 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 6