ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ 2 НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ТИНЕКС ПРОЛЕТ

15.12.2014 15:35
_DSC0050_resize

za tekst

Металург 2 загуби на гостувањето кај Тинекс Пролет, со резултат 23:25 (8:12). Ослабнат, со неиграњето на Костески и на Борјан Маџовски, нашиот млад тим се обиде, но не успеа, да дојде до нови бодови во македонската Суперлига.

Домашниот состав водеше во текот на целата средба, а основните проблеми ги реши уште по првото полувреме, кое го доби со резултат 12:8. На оваа средба видовме феноменална игра на Мартин Манасков, кој постигна 13 гола.

Металург 2 го задржа третото место на првенствената табела, а нови бодови можеме да прокнижеме веќе утре, кога во Автокоманда ќе играме со штипски Текстилец, кој ќе биде домаќин на оваа средба. Овој натпревар е закажан со почеток во 19.30 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани. Тековната година Металург 2 ќе ја заврши в сабота, кога ќе ја пречека екипата на Преспа. Оваа средба ќе почне во 18 часот, а влезот е исто така слободен.

Тинекс Пролет – Металург 2  25:23 (12:8)

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски, Бешлиевски, Маркудов, Матијашиќ, Ставридис, Палевски, Крстевски, Давитковски 1, Велковски 2, Гроздановски 1, Бој.Маџовски 6 и М.Манасков 13.

Прочитано 1.016 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 1 =