Топ Вести

ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ 2 ВО АВТОКОМАНДА

06.05.2015 19:02
DSC08849_resize

za tekst

Во натпревар од 4. коло од плејаут фазата на македонското првенство, екипата на Металург 2 е поразена во Автокоманда од тимот на Охрид, со резултат 17:27 (9:12).

Гостинскиот состав заслужено ги освои трите бода, бидејќи водеше во текот на целата средба, а едно израмнување, на 8:8, е единственото нешто што го направи нашата млада екипа.

Ова беше едно од полошите изданија на десеткуваниот Металург 2. Во првото полувреме уште и се водеше, помалку или повеќе, рамноправна игра, но и овој сегмент од играта заврши во полза на гостите, 9:12.

Второто полувреме помина во целосна доминација на Охрид, кој на трите гола разлика им додаде уште седум, за конечни 17:27.

Металург 2 – Охрид  17:27 (9:12)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бошковски, Гошевски 1, Пешевски, Велковски 4, Маркудов 2, Ставридис, Давитковски 4, Матијашиќ, Петрески и Палевски 6.      Седмерци: 5/5.       Исклучувања: 16 минути.       Црвен картон: Маркудов (3х2 мин) во 48 минута.

Охрид: Костески, Караиванов 8, Вешоски 1, Андоновски, Б.Белевски 3, Левов 3, Трифуновски 1, Тасески 1, Поп-Стефнија 2, Новаковиќ, Пецаков, Соколов 4, Анѓелкоски, Колев, Т.Белевски 3 и Печенковски 1.      Седмерци: 3/3.       Исклучувања: 12 минути.       Црвен картон: Караиванов (3х2 мин) во 36 минута.

Судии: Вукашиновски Александар иТрајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 672 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 5 =